Дома Трансфер зона Раиола се огласи за трансферот на Ибра: Не е сигурно дека ќе се врати во Италија

Раиола се огласи за трансферот на Ибра: Не е сигурно дека ќе се врати во Италија

Иднината на Златан Ибрахимовиќ е главна тема во медиумите на Апенините, кои најавуваат негово враќање во Серија А.

Ибрахимовиќ е слободен агент откако му заврши договорот со ЛА Галакси, а на маса има неколку понуди, па се чека неговата одлука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најсилно се шпекулира со негово враќање во Серија А, каде интерес за него покажуваат Милан, Наполи и Болоња.

„Не е сигурно дека Ибра ќе се врати во Италија. Ќе видиме што ќе се случи. Ако тој се врати во Серија А, тоа ќе ја зголеми побарувачката, на технички план, но и на телевизија. Многу земји ќе сакаат да го вклучат телевизорот да го видат Златан. Којзнае каде ќе заврши, ние сме слободни и во моментов не исклучуваме ништо“, изјави Мино Раиола.

„Каде би сакал јас да го видам? Само подалеку од мене да престане да ме нервира“, додаде менаџерот на Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…