Дома Фудбал Пола натпревар гледаше само со едно око и го победи Баерн!

Пола натпревар гледаше само со едно око и го победи Баерн!

Голманот Лукаш Храдески имаше неверојатен меч против Баерн Минхен, па благодарение на неговите интервенции Баер Леверкузен славеше со 2-1.

„Фармацевтите“ успеаа да слават, а Храдецки беше херој на Леверкузен. Интересно е тоа што по мечот кажа дека имал проблеми со контактната леќа и повеќе од половина меч бранел со едно око.

„Ја загубив леќата во текот на првото полувреме и не можев да гледам со тоа око. Мило ми е што заврши мечот“, порача Храдецки.

Леверкузен по вчерашниот триумф се искачи на седмата позиција во германската Бундеслига и има 22 бодови, додека Баерн Минхен е четврти со два бодови повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ескас пак ќе им суди на Италија и Белгија: Во Рим покажа црвен по ВАР-преглед

Норвежанецот Еспен Ескас е делегиран за дуелот во Брисел, каде на Италија ѝ е доволен бод …