Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека планира да игра тенис и во 2021 година кога ќе има 40 години.
Федерер ќе ги пропушти следната сезона сите турнири кои се играат на земјена подлога освен Ролан Гарос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Федерер на Ролан Гарос не играше во 2016, 2017 и 2018 година, а кога се врати оваа година многумина мислеа дека ќе биде негово збогување од Париз.
„Веќе е организирана 2020 година, а за 2021 уште не знам, бидејќи е далеку. Сепак, кај мене се функционира како што треба и можам да играм. Зашто не би се натпреварувал и во 2021 година?”, изјави Федерер.
Швајцарецот откри дека следната сезона повторно ќе игра на Ролан Гарос.
„Нема да ја игра целата сезона на земја, туку само на главниот турнир и се надевам дека ќе се избегнат повредите. Се чувствувам добро, а кога се чувствуваш така, тогаш и играш добро“, истакна Федерер.