Дома Трансфер зона Милан купува две холандски ѕвезди

Милан купува две холандски ѕвезди

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за двајца млади холандски таленти, пренесуваат медиумите на Апенините.

Станува збор за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, кој ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 10 гола и запиша 9 асистенции во 19 одиграни меча од почетокот на сезоната.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, но за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.

И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.

Вториот играч е Дензел Думфрис од ПСВ. Станува збор за десен бек кој е одличен како во дефанзива, така и во офанзива. Оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.

23-годишниот Холанѓанец има договор со ПСВ до 2023 година и неговата цена се движи помеѓу 10 и 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…