Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм во изедначен натпревар поразен во Финска кај Кокс

Еурофарм во изедначен натпревар поразен во Финска кај Кокс

Тимот на Еурофарм Работник со пораз се враќа од Финска.

Еурофарм изгуби од Кокс со 21:23 во рамките од деветтото коло од Лигата на шампионите. На стартот од натпреварот се до 13-тата минута гледавме игра гол за гол, потоа Битолчани поведоа со 7:5. Домаќинот успеа да ја надополни негативата и на полувреме се замина со нерешен резултат (13:13).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И во второто полувреме гледавме слична игра како и во првото полувреме. Кокс успеа да поведе на две минути до крајот, Јотиќ имаше прилика да изедначи во следниот напад, но не успеа. Во следниот напад во последните секунди домаќините ги поставија конечните 23:21.

Кај Еурофарм Јотиќ беше најефикасен со пет гола, додека кај Кокс Таминен постигна шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Охрид повторно домаќин на еден голем ракометен настан!

По неколкугодишна пауза, повторно ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Макед…