Еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Раиола денес дојде во посета на канцелариите на Милан во „Каса Милан“ на средба со раководството на „росонерите“.
Раиола за разлика од претходното раководство, е во одлични односи со Малдини и Бобан, па средбата поминала во одлична атмосфера, пренесуваат италијанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Сппортмедиасет“ открива дека на средбата било разговарано за повеќе теми, меѓу кои Донарума, Сусо и Ибрахимовиќ.
Милан е заинтересиран да го донесе Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ и веќе му ја презентирале понудата на Раиола, исто како и понудата за продолжување на договорот на Домарума.
Се уште не е јасно дали двете страни се блиску до договор, но преговорите помеѓу Раиола и Милан сигурно ќе продолжат и во наредните денови.