Дома Фудбал Манчестер Јунајтед и Солскјер рушат негативни рекорди!

Манчестер Јунајтед и Солскјер рушат негативни рекорди!

Манчестер Јунајтед денеска беше поразен на гостувањето кај Борнмут со 0-1, па тимот на Солскјер сруши неславен рекорд, откако освоија најмалку бодови во оваа фаза на натпреварувањето уште од сезоната 1986/87.

„Црвените ѓаволи“ многу лошо го почнаа првенството сезонава, а екипата на Оле Гунар Солкјер урна неколку негативни рекорди, како и најлошиот старт во последните 30 години.

По 11 кола Јунајтед има само 13 бодови, а посебно е лош на гостувањето бидејќи со примениот гол од Борнмут, го израмни сопствениот негативен рекорд во Премиер лигата. Тоа му беше 11. гостински натпревар на кој прима гол, со што ја повтори црната серија од август 2002 го јануари 2003 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фулам го сопре Сити на „Етихад“, Андерсон спаси бод за домаќините

Манчестер Сити одигра 1-1 со Фулам: Муниз ги доведе гостите во предност, а Андерсон израмн…