Според пишувањата на италијанските медиуми, Барселона и Манчестер Сити го посакуваат во своите редови играчот на Јуве, Родриго Бентанкур.
Уругваецот кој ова лето наполни 22 години пристигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017. година за 12,5 милиони евра, а оваа сезона запиша девет настапи во дресот на Старата дама.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходната сезона беше добра за Бентанкур кој одигра 40 натпревари и постигна два гола, а Јувентус на крајот од летниот преоден рок одби понуда од Манчестер Сити.
Во клубот од Торино има вишок на играчи во средниот ред, па тука покрај Бентанкур се Арон Ремзи, Матуиди, Емре Џан, Рабио, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ.
Поради тоа Барселона и Сити ја следат целата ситуација и чекаат прилика да тргнат по играчот на Јуве.