Дома Фудбал Демирал: Роналдо ме дочека со војнички поздрав

Демирал: Роналдо ме дочека со војнички поздрав

Tурскиот репрезентативец Мерих Демирал откри дека Кристиано Роналдо во Торино го дочекал со војнички поздрав.

Многу прашина во јавноста крена салутирањето на репрезентативците на Турција во натпреварите против Албанија и Франција во квалификациите за Европското првенство. На тој начин фудбалерите сакаа да оддадат почест на нивните војници кои се на северот на Сирија.

Дел од јавноста го поздрави нивниот гест, а од дел беа критикувани. Сега Демирал објасни дека тој добил поддршка од Роналдо.

„Кога се вратив во Торино на тренингот ме дочека Роналдо со војнички поздрав. Бев изненаден, но исто така и горд“, изјави Демирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Над 320 милиони фунти, а средината на Сити „протекува“: Мареска мора да пресече

Трите последователни премиерлигашки порази ги открија слабостите на Манчестер сити. Комбин…