Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја даде Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а следната дестинација најверојатно ќе биде Серија А.
„Дејли Мејл“ открива дека развојот на целата ситуација ја следи Интер и нивниот тренер Антонио Конте, кој сака да го донесе Србинот на „Џузепе Меаца“.
Интерес за Матиќ покажуваат и други европски клубови, но „нероаѕурите“ се најблиску до неговиот потпис.