Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи Кардиф да му исплати сума од 6 милиони евра (5,3 милиони фунти) на Нант за трансферот на трагично починатиот Емилиано Сала.
Двата клуба го договорија трансферот на 19-ти јануари, но Аргентинецот само два дена покасно загина во авионска несреќа и не успеа дури ни да дебитира за Кардиф.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Зделката изнесуваше 15 милиони евра, сума која Кардиф требаше да ја плаќа на рати. ФИФА, која ја презеде одговорноста преку арбитража да го реши овој случај кој се одолговлекуваше со месеци, денес донесе одлука.
Сумата која одличи ФИФА да биде платена одговара на првата рата од трансферот, која се уште не е платена.
Двата клуба имаат можност да ја обжалат одлуката на ФИФА во Спортскиот суд во Лозана.
FIFA rule Cardiff must pay Nantes 6million euros for transfer of the late Emiliano Sala pic.twitter.com/9Y0dpbijHw
— Martyn Ziegler (@martynziegler) September 30, 2019