Оваа година Македонија за прв пат играше на едно Европско првенство.
Турнирот го завршивме во групната фаза, но далеку од тоа дека одбојкарите не не претставија во најдобро светло. Во последниот натпревар ја победивме Словенија која ќе игра финале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најдобрите поединци во текот на турнирот беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев објави интересен статус на социјалните мрежи и најави или можеби само посака Македонија да биде организатор на Европското првенство 2023 година.
„ЕП 2023 организатор – Македонија ???“, гласи статусот на Ѓорѓиев.
Вакво нешто досега не се споменувало во јавноста, меѓутоа можеби капитенот има некои добри вести. Кандидатурите за ЕП 2023 се уште не започнале да се поднесуваат, па останува да видиме.