Италијанските медиуми откриваат за пропаднат трансфер на Милан, со што уште еднаш се потвди лошата трансфер политика на „росонерите“ во последно време.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Милан бил многу блиску до ангажман на Таму Абрахам, кој оваа сезона е вистинско откритие во Премиер лигата во дресот на Челзи.
Младиот напаѓач минатата сезона играше одлично во дресот на Астон Вила и ова лето се врати во Челзи, но „сините“ првично сакале да се ослободат од него.
Милан имал можност да го донесе на „Сан Сиро“ и трансферот бил блиску до реализација, но „росонерите“ во последен момент се откажале и ги стопирале преговорите.
Веднаш се покажа дека тоа е огромна грешка на „росонерите“ кои после четири одиграни кола во Серија А имаат постигнато само да гола. Од друга страна Абрахам постигна 7 гола на шест меча за Челзи оваа сезона.