Дома Фудбал Останато Габигол во Европа беше катастрофа, а во Бразил пак е гол-машина и ќе игра за репрезентацијата!

Габигол во Европа беше катастрофа, а во Бразил пак е гол-машина и ќе игра за репрезентацијата!

Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на Габриел Барбоса – Габигол.

Габигол во 2016 година пристигна во Интер за сума од 30 милиони евра и од него се очекуваше да биде новата бразилска ѕвезда. Се најавуваше како големо засилување, но во Интер не покажа ништо. Во дресот на „нероаѕурите“ одигра само девет натпревари и постигна еден гол.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интер го испрати на позајмица во Бенфика, но и таму не се прослави. За португалскиот тим Габигол одигра само пет натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелци.

После неуспешната авантура во Бенфика се врати во Сантос и таму како да се појави друг играч. Габигол одигра 53 натпревари и постигна 27 голови. Таквите настапи го убедија Фламенго да го доведе и во овој клуб не згрешија.

Габигол сезонава за Фламенго одигра само 15 натпревари и постигна 16 голови!

После ваквите настапи Габигол доби повик од селкторот Тите за пријателските натпревари на Бразил против Сенегал и Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алекс Переира на спектакуларен начин го врати УФЦ појасот, па го понижи ривалот (Видео)

Алекс Переира е новиот УФЦ шампион во полутешка категорија. Бразилецот победи со технички …