Најголемото засилување на Барселона, Антоан Гризман изјави дека се уште се прилагодува на стилот во новиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот посебно потенцираше дека нема добра интеракција со Меси и Суарез. Тројцата се уште немаат одиграно ниту еден меч заедно поради повредите на Уругваецот и Аргентинецот.
„Јас сум во клубот само два месеци. Се уште се навикнувам на играта во Барселона, на улогата и движењата на моите соиграчи. Прилагодување на играта со Суарез, Меси и Дембеле. И тие се привикнуваат да играат со мене. Но, гледам дека заедно се движиме во вистинската насока како тим“, изјави Гризман.
Барселона синоќа со Борусија Дортмунд одигра 0:0, а Гризман го одигра целиот натпревар заедно со Суарез во нападот.