Дома Фудбал Гризман одлично се вклопил во друштвото на „гејмери“ во Барса

Гризман одлично се вклопил во друштвото на „гејмери“ во Барса

Aнтоан Гризман ова лето ја засили Барселона во рекорден трансфер од Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра.

Сепак, му беше потребно време да се навикне на новите соиграчи. Барса не блеска на стартот од сезоната, посебно поради повредата на Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наскоро се очекува Аргентинецот да се врати на терените, но и Луис Суарез кој се повреди уште во првото коло против Билбао, па јасно е дека пред Каталонците се подобри денови.

Добра вест е дека Гризман се подобро се вклопува во тимот, а шпански „АС“ открива дека Французинот се вклопил во новата средина.

Имено, тој на препорка на сонародникот Осман Дембеле купил конзола за видео игра „Nintendo Swich“ и им се придружил на новите соиграчи во играњето на популарната игра „Марио Карт 8“.

Тој, Дембеле, Серхио Роберто, Карлос Алења и Жерар Пике често преку споменатата игра го „трошат“ времето и се зближуваат, а тоа секако им е од корист на теренот, посебно кога во прашање е нов играч.

Јасно е дека на Гризман ова воопшто не му е проблем затоа што е познато дека е голем фан на видео игрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како професионалец одигра 432 минути. Челзи подготвува понуда од 55 милиони евра

ЕСТЕВАО ВИЛИАН, 17-годишното десно крило на Палмеирас, е новото чудо од дете во Бразил и в…