Португалија и Србија запишаа гостински победи во шестото коло од групата Б во квалификациите за Европското првенство.
Србија и Португалија се борат за второто место со тоа што Кристиано Роналдо и друштвото имаат бод повеќе и натпревар помалку од својот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалија вчера гостуваше кај последнопласираната Литванија и славеа со 5:1. Неверојатен натпревар одигра Роналдо кој влезе во историјата како прв европски играч со 90+ голови во дресотн а репрезентацијата. Ги има вкупно 92, а пред него е само Иранецот Али Даеи со 109 голови во дресот на Иран.
Исто така Литванија е 40-тата различна репрезентација против која Роналдо постигнал гол.
Португалецот постигна дури четири гола и уште еднаш ја покажа својата класа. Треба да се додаде дека со 24 гола во квалификациите за ЕП е рекордер, претходно тој рекорд го држеше Роби Кин со 23 гола.