Викендот кој е зад беше резервиран за репрезентативните обврски, а веќе од наредниот пред Барселона е тежок период.
Имено, екипата која од клупата ја предводи Ернесто Валверде во период од три недели ќе одигра седум тешки натпревари. Се започнува со натпреварот против Валенсија на „Ноу Камп“.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сите на „Камп Ноу“ се надеваат дека Меси, Суарез и Фирпо кои се опоравуваат од повреди ќе бидат што побрзо ставени на располагање на Валверде со цел Барса да не испушти потребни бодови во периодот кој следи.
Поразот од Атлетик Билбао и ремито со Осасуна ја оставија Барселона на пет бода од врвот на Ла Лига и Каталонците не смеат да си дозволат да губат бодови во септември.
После Валенсија во сабота, Барселона и гостува на Гранада, па го дочекува Виљареал, гостува ккај Гетафе и игра против незгодната добра Севиља пред крајот на овој месец.
Многу блиску се натпреварите во Лигата шампионите против Борусија Дортмунд и Интер на „Ноу Камп“. „Милионерите“ во Барселона пристигнуваат на 17-ти септември, додека натпреварот со Интер на распоредот е на 2-ри октомври.