На Грција не и оди ниту со новиот селектот. Џон Ван Шип неодамна беше ангажиран за шеф на стручниот штаб и уште на стартот на својот мандат се посрамоти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предводена од холандскиот тренер Грција на домашен терен не успеа да го победи Лихтенштајн. Натпреварот заврши 1:1.
Натпреварот се играше на Олимпискиот стадион во Атина. Свесен за понижувањето после натпреварот селекторот ги заклучил играчите во соблекувалната и не дозволил никој да се приближи, пишуваат грчките медиуми.
Новинарите нестрпеливо чекале да сретнат некој од играчите меѓутоа самата атмосфера била напната и веројатно и фудбалерите после таква бламажа не сакале да се појават пред камерите.
Селекторот Ван Шип зборувшае за медиумите и порача дека со овој резултат го допреле дното.
„Разочарани сме, требаше да победиме со оглед на шансите. Лихтенштајн имаше само една шанса. Го допревме дното. Ќе мораме напорно да работиме и да ја подмладиме селекцијата“, изјави холандскиот тренер.
После шест одиграни кола Грција е петопласирана во групата од квалификациите со само пет освоени бодови.