Антоан Гризман досега постигна 29 голови во 73 натпревари за репрезентацијата на Франција од кои седум ги постигна од пенал.
Во победата над Албанија од 4:1 во петтото коло од квалификациите за Европското првенство Гризман пропушти шанса да го зголеми својот учинок со промашување на удар од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светските шампиони водеа со 2:0, а ѕвездата на Барселона во 37-та минута доби прилика да зголеми на 3:0. Шутираше Гризман по средината од голот, голманот Старкоша се фрли на десната страна, но топката заврши во пречката.
Тоа беше прв промашен пенал на Гризман во репрезентацијата и новинарите после натпреварот ги интересираше што има да каже.
„Не знам што се случи. На претходните натпревари мојата сопруга ме гледаше, сега не беше на стадионот можеби затоа промашив. Бев во добра форма, но не можам секогаш да постигнвуам гол. Штета“, одговори Гризман.