Дома Фудбал Пике: Знаев за клазулата во договорот на Меси

Пике: Знаев за клазулата во договорот на Меси

Вчера „Кадена СЕР“ пишуваше дека Барселона во 2017 година прифатила клазула која му овозможува на Меси да биде слободен на крајот на секоја сезона.

Значи, Меси има право на крајот од секоја сезона да стане слободен играч и да го промени клубот по сопствена желба. Таа клазула на сила стапила во 2017 година, но во Барселона не се грижат затоа што Меси е врзан за клубот и не би заминал толку лесно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Веста за клазулата ја потврди и Пике.

„Тоа е нешто за кое веќе знаев, но не се грижам. Знаеме колку Меси е поврзан со Барселона“, изјави Пике.

Стоперот на Каталонците зборуваше и за Нејмар кој после долги преговори остана во Париз.

„Тоа беше голема сапуница, но морате да ја свртите страницата. Заклучокот кој треба да се донесе е дека можеби е глупост преодниот рок да трае до 3-ти септември. Разговарав со него…Оваа сезона нема да биде со нас, но фудбалот ви дава шанса секоја наредна година“, порача Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве каква казна ги очекува фудбалерите на Тотенхем ако испаднат во Чемпионшип

Игор Тудор не го започна својот период на клупата на лондонскиот клуб на посакуваниот начи…