Дома Трансфер зона Oфицијално: Мартин Касерес и оваа сезона ќе игра во Серија А

Oфицијално: Мартин Касерес и оваа сезона ќе игра во Серија А

Уште еден играч со големо искуство пристигна во Фиренца.

Големи промени се случија во Фиорентина ова лето, имаше заминувања, но доаѓања откако клубот го превзема Роко Комисо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во летниот преоден рок Фиорентина ги ангажираше: Ерик Плугар (Болоња), Алекса Терзиќ (Црвена Звезда), Пол Лирола (Сасуоло – позајмица), Кевин Принс Боатенг (Сасуоло), Милан Бадељ (Лацио), Франк Рибери (слободен играч), Далберт (Интер позајмица) и младиот Рикардо Барони (Виртус Ентела).

Сега стигна уште едно засилување во прашање е поранешниот играч на Севиља, Јувентус, Барселона и Лацио, Мартин Касерес.

Искусниот Уругваец во редовите на Фиорентина стигна како слободен играч.

Зад себе овој 32 годишен дефанзивец има 93 настапи за селекцијата на Уругвај, а во текот на кариерата ја освои Примера, шпанскиот куп и Лигата на шампионите со Барселона, со Јувентус ја освојуваше Серија А и купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…