Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува со своите „лудории“ и често влегува во конфликт со судиите.
Така беше и синоќа кога Кирјос во второто коло од Ју-Ес Опен играше против Антоан Хоан, кога на теренот излезе со маица на која на јаката имаше непишано порака „Just do you“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа е спротивно на правилата па беше приморан да ја покрие пораката.
„Сакам да ги видам правилата, сакам да ги видам правилата. Нема да играм додека не ми ги покажете“, се противеше Кирјос.
Сепак, по некое време некако се смири, па ги испочитува правилата и замина на другиот крај за да го продолжи дуелот и на крајот славеше со 3:0.