И денес следете се што се случува на трансфер пазарот – бидете во тек!
Изненадување од „Калчомеркато“: Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристиано Роналдо потврди дека бил блиску до трансфер во Арсенал.
Во Барселона се повеќе се разочарани од Дембеле. „Марка“ пишува дека поради непрофесионализмот, Абидал одржал состанок со Французинот.
Кин за 30 милиони евра (плус можни 10 преку бонуси) пристигна во Евертон од Јувентус, а тренерот Силва е разочаран од него. Кин досега не стартуваше на ниту еден од трите натпревари во Премиер лигата.
Лајпциг се обидува да го доведе Патрик Шик на позајмица и медиумите очекуваат оваа зделка да се реализира.
Недвед зборуваше за ситуацијата на Дибала и Игуаин.
Oфицијално: Макси Лопез е нов играч на Кротоне. Фудбалерот кој некогаш важеше за голема надеж ќе се обиде да помогне овој клуб да се пласира во Серија А.
Марко Џампаоло во Милан продолжува да инсистира на Анхел Кореа. Милан веќе неколку недели преговара со Аргентинецот, но засега до договор не дојде. Се најавува дека и во текот на наредната недела Бобан и Малдини ќе бидат во Мадрид на преговори.
Санчез во изминатата недела требаше да пристигне во Интер, но тоа не се случи. Меѓутоа реномираниот Џанлука Ди Марцио пренесува дека Интер и Манчестер Јунајтед забележале напредок во преговорите.
Реал Сосиедад ќе се обиде да стигне до потписот на Начо Монреал, договорот на ветеренот со „топџиите“ истекува наредното лето, па не би требало да има проблеми околу оштетата.
Фиорентина оваа сезона сериозно се засили, а сега „Виолетовите“ чекаат одговор од Берарди и Рафиња од Спортинг.
Фенебахче би можел да биде следна дестинација за Жером Боатенг.
Изненадувачка вест пласираа аргентинските медиуми: Барселона наводно спрема понуда од 50 милиони евра за Родриго Бентакур од Јувентус.
Интер за Савиќ има нова понуда: Двацја играчи, плус пари!
За вечерва е закажан состанок на претставниците на Наполи со Фернандо Љоренте. На повидок е договор на две години вреден 2.5 милиони евра.
Бас Дост и Ајнтрахт – конечно постигнат договор. После долгите преговори и проблемите кои се појавија договор помеѓу Спортинг и Ајнтрахт е постигнат за шест милиони евра плус два како бонуси.
Кварезма објави дека го напушта Бенфика: Штотуку сум известен од претседателот дека повеќе не ме сакаат во тимот. Во овој момент работам на решавање на проблемот. За наредните денови најавувам конференција за медиумите на која ќе изнесам детали за мојата иднина. Ви благодарам на разбирањето.
Медиумите цело цреме тврдат дека Џампаоло го сака Кореа во Милан, а на конференцијата пред натпреварот во Серија А тој даде неочекуван одговор: Кореа? Кој е тој не го познавам.