Дома Трансфер зона Понудата на Интер за Савиќ ќе вклучува двајца играчи, плус пари?

Понудата на Интер за Савиќ ќе вклучува двајца играчи, плус пари?

Преодниот рок во Англија е завршен, а Манчестер Јунајтед не успеа да го реализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Иако наводно постоел договор помеѓу Манечстер Јунајтед, Лацио и Савиќ, Погба остана на „Олд Трафорд“ и „црвените ѓаволи“ не беа во можност да го реализираат трансферот на српскиот репрезентативец.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа Савиќ би можел да го напушти Лацио.

Италијанската „Ла Република“ пишува дека Интер се уште не се откажал од Савиќ и дека во финишот од преодниот рок ќе се обиде да го реализира неговиот трансфер.

Наводно Интер наскоро ќе испрати понуда, па евентуалниот трансфер на Савиќ би се реализирал во последен момент.

Се очекува дека за трансферот на Савиќ на Интер му се потребни околу 90 милиони евра, а Интер има намера да понуди одредена сума на пари и двајца играчи – Матео Политано и Роберто Гаљардини.

Ќе видиме дали Лацио е спремен да ја пушти својата ѕвезда во ова време од преодниот рок со оглед дека веројатно не ќе можат да доведат адекватна замена.

Преодниот рок во Италија завршува на 2-ри септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…