Дома Фудбал Италија Недвед: Дибала не е проблем, Игуаин е помеѓу тројцата најдобри напаѓачи во светот

Недвед: Дибала не е проблем, Игуаин е помеѓу тројцата најдобри напаѓачи во светот

Поранешниот фудбалер на чешката репрезентација и Јувентус Павел Недвед, во овој момент е потпретседател на „старата дама“,  на конференцијата за медиумите пред првиот натпревар во сезоната зборуваше за актуелните теми во клубот.

Недвед за Јувентус настапуваше од 2001 до 2009 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јуве сака да победи во наредната сезона, а менаџментот работи одлична работа во поглед на составувањето на тимот. Не само што доведовме играчи како Демирал, Де Лихт, Данило…туку и затоа што имавме одлични продажби како Жоао Кансело и Моис Кеан. Трансфер пазарот се уште е отворен и ако ни се укаже некоја прилика ќе реагираме, но во овој момент задоволни сме од тимот“, изјави Недвед.

Поранешниот играч зборуваше за двајцата Аргентинци за кои многу се пишуваше дека ќе заминат, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.

„Дибала никогаш не бил проблем за нас. Тој е фантастичен играч и ние сме пресреќни што го имаме. Тренерот го користи како лажна деветка и во таа улога тој е одличен. Игуаин е еден од двајцата или тројцата напаѓачи во светот“, изјави Недвед.

Јувентус сезоната ја отвара против Парма денес од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…