Дома Фудбал Англија Засилувањето на Евертон од Јувентус разочара: Кога ќе заслужи, тогаш ќе започне!

Засилувањето на Евертон од Јувентус разочара: Кога ќе заслужи, тогаш ќе започне!

Moис Кин минатата сезона импресионираше во дресот на Јувентус и многумина сметаа дека треба да добие шанса во Торино, но клубот го продаде на Евертон.

Овој потег на Јувентус многумина го означија како погрешен и навивачите искажуваа незадоволство што Кин си замина за сума од 30 милиони (уште 10 може да бидат исплатени преку бонуси).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Евертон уште од Лукаку нема вистински голгетер, па се веруваше дека тренерот Марко Силва ќе му даде шанса веднаш. Меѓутоа Кин се уште не запишал ниту еден старт во Премиер лигата и против Астон Вила трет пат влезе од клупата за резерви.

После натпреварот Силва доби прашање за Кин и отворено порача дека според него младиот фудбалер не е спремен да стартува.

„Кога ќе ми покаже на тренингот дека заслужува тогаш ќе биде стартер. Доминик Калверт-Луин почнува во нападот и имаме други опции, задоволни сме со него. Доминик работи напорно, тешко е кога играте со еден напаѓач и тој се уште не постигнал гол“, изјави Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …