Алексис Санчез е на чекор од трансфер во Интер, а „нероаѕурите“ со уште еден трансфер ќе го комплетираат преодниот рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до комплетирање на трансферот на левиот бек на Фиорентина, Кристиано Бираги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец е посакувано засилување за левата бековска позиција и може да пристигне на едногодишна позајмица со право на откуп, или во трампа со Политано.
Со пристигнувањата на Санчез и Бираги, Интер ќе го комплетора трансфер пазарот, а медиумите тврдат дека Конте на располагање ќе има тим за Скудето.
На Апенините сите се сложуваат дека Интер сериозно му се приближил на Јувентус и дека оваа година ќе се води жестока битка за титулата.
Конте ќе форсира формација 3-5-2, со Годин, Де Врај и Скриниар во последната линија. Десно ќе игра новото засилување од Херта, Лазаро, а на левата бековска позиција треба да пристигне Бираги.
На средината на теренот Брозовиќ ќе формира трио со новите засилувања Сенси и Барела, додека во нападот ќе биде дуото Лукаку – Санчез, а Лаутаро ќе биде прва опција од клупата.
Останува да видиме дали овој Интер ќе може да го победи Јувентус во трката за Скудетото.