Марио Балотели официјално има нов клуб. Контроверзниот Италијанец се врати во татковината и потпиша за клубот од градот во кој израсна – Бреша.
Иако Балотели е роден во Палермо на само две години се пресели во околината на Бреша, а семејството кое го посвои и понатаму живее во овој град. Неговиот татко почина пред четири години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот во Бреша за Балотели претставува враќање дома, иако никогаш не играше за овој клуб, во младоста тој беше член на Лумезано и Интер.
Денес беше одржана прес конференција на која Балотели беше претставен како нов напаѓач.
„Претстадетелот и јас се сретнавме само еднаш, во Англија пред многу години…Мино Раиола сега ја предложи оваа идеја и за мене навистина не беше тешко да ја изберам Бреша. Немам никаков страв. Мојата цел е да помогнам тимот да напредува колку што е можно повеќе,, сакам да бидам поддршка за своите соиграчи и сакам они мене да ме поддржуваат. Мислам дека вие имате повеќе страв од неуспех отколку јас. Не гледам често ТВ и не го читам она што се пишува за мене и негативните вести кои се појавуваат за мене ми ги пренесуваат други. Не може сите да ве сакаат“.
„Мојата мајка плачеше кога и кажав за трансферот. Ја прашав што мисли за тоа, а она само плачее и беше многу среќна. Мојот татко е од Бреша, навиваше за овј клуб и негов сон беше да заиграм во овој дрес. Сигурно денес би бил среќен“, изјави помеѓу другото Балотели.