Дома Фудбал Ковач: На трансферот на Кутињо не треба да се радуваат само навивачите на Баерн

Ковач: На трансферот на Кутињо не треба да се радуваат само навивачите на Баерн

Баерн вчера го потврди трансферот на Фелипе Кутињо кој доаѓа од Барселона едногодишна позајмица.

Прво вчера објавија шпанските медиуми, а потоа се покажа дека тоа не се шпекулации бидејќи Баерн го потврди трансферот.

За трансферот на Кутињо зборуваше и стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач.

„Мислам дека поради доаѓањето на таква ѕвезда во Бундес лигата нема да се радуваат само навивачите на Баерн, туку и цела Германија. Добро знаеме за каков играч станува збор и среќни сме што доаѓа кај нас“, изјави Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик останува на клупата, но Борнмут може да му ја реши судбината!

Раководството на Манчестер јунајтед е сè позагрижено по дебаклот против Комо. Керик ќе го …