Maрота се обидува да однесе уште една победа над својот поранешен клуб.
Интер пред почетокот на сезоната доби големо засилување со доведувањето на Лукаку. Јувентус исто така беше заинтересиран за Белгиецот, но самиот напаѓач на претставувањето изјави дека негова единствена желба била трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што стојат работите големиот ривал на „старата дама“ се спрема за уште една битка на трансфер пазарот, а овој пат ќе имаат и сојузник.
Федерико Киеза е желба на Јувентус, новиот сопственик на Фиорентина Роко Комисо некако успева да се одбрани од нападот на шампионот, но изгледа повеќе не е сам во таа „борба“.
Интер наводно им предложил да го задржат Киеза уште една сезона, а потоа да го пуштат во Милано за сума од 70 милиони евра.
Интер е во многу подобар однос со Фиорентина отколку Јувентус и за „виолетовите“ ова изгледа како зделка која им одговоара. Тие би го задржале својот најдобар играч уште една сезона и би ја добиле сумата која ја бараат, покрај тоа би избегнале нова продажба на омразениот ривал.