Дома Останати Aутсајдер стана светски шампион во ФИФА и освои 250.000 долари

Aутсајдер стана светски шампион во ФИФА и освои 250.000 долари

Светски шампион во ФИФА 19 стана 22 годишниот играч Вердер Мухамед „МуОбамејанг“.

Изминатиот викенд на завршницата на ФИФА еСветскиот куп во О2 Арената во Лондон изненадувачки успеа да ги надигра најдобрите играчи во светот и тоа му донесе 250.000 долари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Никој не очекуваше дека помеѓу 32-та најдобри светски играчи на крајот ќе победи „МуОбамејанг“, веројатно ниту тој самиот. Меѓутоа тој отиде до самиот крај и во финалето со вкупен резултат од 3:2 го надигра Саудиецот Мусад „МсДосуари“ кој беше минатогодишен шампион. Со тоа тој стана и првиот Германец кој ја освоил светската титула во ФИФА.

Трофејот на победникот му го додели Вилфред Заха, а на церемонијата присуствуваше и бугарскиот легендарен фудбалер Димитар Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…