Дома Трансфер зона Не може повеќе да чека: Џеко му постави ултиматум на Интер!

Не може повеќе да чека: Џеко му постави ултиматум на Интер!

Напаѓачот на Рома, Един Џеко од почетокот на трансфер пазарот со поврзува со преминување во Интер, но трансферот никако да се реализира.

Босанскиот голгетер има договор со „нероаѕурите“, но миланскиот клуб никако не може да најде заеднички јазик со „волчицата“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рома за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Интер смета дека е превисока за играч кој влегува во последната година од договорот.

„Газета дело Спорт“ во денешното издание пишува дека Џеко не може повеќе да чека и му поставил ултиматум на раководството на Интер. Босанецот сака трансферот да биде завршен во рок од една недела, за да има време да се адаптира на новиот клуб до почетокот на сезоната.

Во спротивно Џеко потврдил дека ќе остане во Рома уште една сезона и следната сезона ќе го напушти „Олимпико“ како слободен агент.

https://youtu.be/yucK4vUbZ2k

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…