Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Сергеј доаѓа – Погба заминува, Дибала се сели на Островот

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Сергеј доаѓа – Погба заминува, Дибала се сели на Островот

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Вест на денот е трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Манчестер Јунајтед. Постигнат е компетен договор, деталите ОВДЕ.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


-Јувентус е спремен да продаде четворица фудбалери за 200 милиони евра (ОВДЕ).

-Со доаѓањето на Сергеј, се отвара вратата за трансфер на Пол Погба. Реал Мадрид во следните денови ќе испрати финална понуда.

-БОМБА: Тотенхем е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд и ќе понуди 90 милиони евра за Дибала (ОВДЕ).

-Лајпциг го комплетираше трансферот на Адемола Лукман од Евертон за 22 милиони фунти.

-Падна договор: Милан и Вулверхемптон постигнаа договор за напаѓачот Патрик Кутроне тежок 20 милиони евра плус бонуси (ОВДЕ).

-Јирген Клоп откри дали Филипе Кутињо може да се врати во Ливерпул (ОВДЕ).

Жорге Медеш се очекува да пристигне во Италија за да го комплетира трансферот на Анхел Кореја во Милан. Одредени медиуми откриваат дека супер-агентот им го предложил и Хамес Родригез на „росонерите“.

-Одложена промоцијата на Елиф Елмас. Македонскиот фудбалер замина во Рим поради бирократски проблеми со пасошот (ОВДЕ).

-Палермо и официјално исфрлен во Серија Д. Несторовски и Трајковски сега се слободни агенти и наскоро ќе ги комплетираат трансферите (ОВДЕ).

Даниеле де Роси пристигна во Аргентина. Навивачите на Бока Јуниорс направија делириум на аеродромот.

-Милан веднаш пронајде замена за Патрик Кутроне. Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се на чекор од напаѓачот на Лил, Рафаел Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…