Дома Фудбал Италија Најмалку четири фудбалери ова лето ќе го напуштат Јувентус

Најмалку четири фудбалери ова лето ќе го напуштат Јувентус

Јувентус ова лето беше доста активен, барем кога е во прашање ангажирањето нови играчи.

Сепак, јасно е дека Старата дама мора да продаде неколку фудбалери кои немаат повеќе место во првиот тим. Италијанските медиуми објавија дека Јуве е во преговори со некои клубови кои покажале интерес за неколку играчи на овој клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Калчо Меркато објави дека Маурисио Сари отпишал четири играчи и им порачал на челниците на клубот дека можат да ги продадат. Наводно, на трансфер листата се наоѓаат Перин, Кедира, Кин и Матуиди.

Иако се веруваше дека Јуве сигурно ќе го продаде Гонзало Игуаин се чини дека Сари успеал да ги убеди челниците на клубот. Аргентинскиот напаѓач на пријателските натпревари имаше добра минутажа што покажува дека Сари сериозно смета на него.

Перин требаше да потпише за Бенфика, но не ги помина лекарските прегледи и сега преговара со Астон Вила. Наводно, Кин е на мета на Евертон, кој се обидува да го донесе на едногодишна позајмица. Исто така, заминува и Кедира кој не е на припреми со клубот, додека судбината на Матуиди е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…