Дејан Милосављев кој беше еден од најзаслужните што во минатата сезона Вардар стигна до втората европска титула доби големо признание во Србија.
Имено, Милосављев кој сега е член на гермнаски Фуксе Берлин беше избран за ракометар на годината во Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова секако е големо признание за голманот кој во Вардар дојде на мала врата со голем притисок на себе да биде замена за одличниот Арпад Штербик. Милосављев освои убедливо најмногу гласови на регионалниот портал „Балкан Хандбал“, но победи и кај гласањето од новинарското жири.
Ќе потсетиме тој беше избран и за најдобар голман во Лигата на шампионите.