Хамес Родригез ова лето се врати во Реал Мадрид, но готово сигурно нема да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
За него најсилен интерес покажуваат Наполи и Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ веќе ја одредиле цената на Колумбиецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако долго време се споменуваше Наполи како негова следна дестинација, сепак двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу цената, па трансферот најверојатно нема да се реализира.
Сега најсериозен кандидат за потписот на Хамес е Атлетико Мадрид. Најпрво Реал беше против да го продаде својот играч на градскиот ривал, но Колумбецот веќе ги избра „јорганџиите“.
„Кралевите“ поставија цена од 50 милиони евра за играчот, па сега се чека потег на градскиот ривал.
Реал сака што побрзо да го продаде Хамес со цел да добие пари со кои ќе може да гои финансира трансферот на Погба, па поради тоа е спремен да му го продаде играчот на градскиот ривал.