Атлетико Мадрид ова лето е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и ќе направи голема реконструкција на тимот.
По заминувањето на Годин, Родри и се позивесното заминување на Гризман, јасно беше дека тимот ќе претрпи вистинска „револуција“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Симеоне најави изградба на нов тим кој ќе ги има истите цели и ќе атакува на титулата во Шпанија, како и висок пласман во Лигата на шампиони.
„Јорганџиите“ го откупија Мората и го донесоа најскапото засилување во историјата на клубот, Жоао Феликс, кој би требало да биде замена за Гризман.
На средината на теренот пристигна Маркос Љоренте, а Симеоне е во потрага по уште еден десен бек и еден крилен напаѓач.
Еве како треба да изгледа Атлетико Мадрид следната сезона.
