Иако Милан не успеа да се пласира во ЛШ, домашните натпревари во најелитното фудбалско натпреварување на Сан Сиро/Џузепе Меаца следната сезона ќе играат два клуба.
Освен Интер, натпреварите во ЛШ на култниот милански стадиони, според пишувањата на Газета дело Спорт, ќе ги игра и Аталанта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дебитантот во најсилното клубско натпреварување изражи желба да ги игра домашните натпревари на Сан Сиро бидејќи работите на стаионот во Бергамо нема да завршат во планираното време.
Милан и Интер немаат ништо против Аталанта да игра во Милано, а своја согласност ќе даде и градската власт, која управува со стадионот.
Во Аталанта се одлучија на овој потег откако на последната посета на УЕФА инспекторите се забележани низа недостатоци во текот на реконструкцијата на стадионот во Бергамо.
Се очекуваше своите европски натпревари Аталанта да ги игра на стадионот во Роџо Емилија како и претходната сезона, но веројатно тоа нема да биде случај.