Се уште не е познато каде холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт ќе ја продолжи својата кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претходните денови голем сите спортски медиуми објавуваа дека Де Лихт одлучил да се пресели во Јувентус и дека работата е завршена и дека се чека само официјална потврда за овој трансфер.
Меѓутоа сега се медиумите најавуваат пресврт во ситуацијата и тоа само поради коментарот на Де Лихт кој го остави на фотографија од промоцијата на неговиот пријател Френки Де Јонг.
Де Јонг вчера беше промовиран како нов играч на Барселона. Познато е дека освен што беа соиграчи во Ајакс, Де Јонг и Де Лихт се добри пријатели.
На фотографија од неговата промоција Де Лихт остави коментар кој предизвика големо внимание.
