Првиот човек на Барселона на дешената прес конференција зборуваше за актуелните теми поврзани со каталонскиот клуб.
Секако, новинарите најмногу ги интересираше ситуацијата околу можните доаѓања на Нејмар и Гризман, а Бартомеу отворено зборуваше за тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш не зборуваме за играчите на другите клубови и не знам дали Нејмар ќе дојде. Знам дека тој тоа го сака, но знам и дека ПСЖ тешко ќе го пушти“, изјави Бартомеу.
Потоа следуваше одговорот за Гризман.
„Вчера имавме состанок со претставниците на Гризман во Мадрид. Тоа беше првиот состанок кога е Гризман во прашање“.
Со Барселона се поврзува и Матијас Де Лихт.
„И порано ви кажав дека знам каде ќе игра Де Лихт. Се уште го знам тоа, но не можам тоа да ви го кажам“, одговори Бартомеу.
На крајот Бартомеу потврди и дека Кутињо и Дембеле се важни играчи за Барселона.