Дома Трансфер зона Левандовски донел одлука, наскоро потпишува!

Левандовски донел одлука, наскоро потпишува!

Полскиот напаѓач постигнал договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат германските медиуми, Роберт Левандовски ќе го продолжи договорот со минхенски Баерн.

Одличниот гоглетер во Минхен пристигна во 2014 година како слободен играч од Борусија Дортмунд.

Левандовски во Баерн стана еден од најдобрите стрелци кои ги имала Бундес лигата. Постигна 191 гол на 242 натпревари за клубот од Минхен.

Со Баерн освои пет титули во Германија, два купа и два Суперкупа.

Најдобар стрелец во Бундес лигата беше четири пати, три пати со Баерн. Најдобар стрелец беше и во неодамна завршената сезона.

Сега тој донел одлука да го продолжи договорот со шампионот на Германија. Според новиот договор тој ќе остане на „Алијанц Арената“ до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…