Хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работники треба да биде големо засилување за битолскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор, а доаѓа од ППД Загреб.
Дваесет и четиригодишниот загрепчанец ќе биде замена за Филип Кузмановски, но и за Остроушко, кој кариерата ја продолжи во Романија.
Јотиќ е третото интернационално засилување за битолскиот тим ова лето, претходно потпишаа Ратајац и Вегар.
