Дома Трансфер зона Постигнат договор: Милан пред засилување од Реал Мадрид!

Постигнат договор: Милан пред засилување од Реал Мадрид!

Тео Ернандез е на чекор од трансфер во Милан!

Италијанските медиуми пишуваат дека треба да бидат завршени само детали за трансферот да биде официјално потврден. Станува збор за 21 годишниот играч на Реал кој минатата сезона ја помина на позајмица во Реал Сосиедад.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Реал од овој трансфер би требало да заработи 20 милиони евра, но дури следната сезона, оваа сезона тој во Милано би играл како позајмен фудбалер.
Левиот бек со Милан ќе потпише договор на четири години според кој ќе заработува 1.8 милиони евра.

Очекувањата се Ернандез во понделник да пристигне на прегледи во Милано.

Инаку, поради финансиските проблеми Милан следната сезона нема да игра во Лига Европа, денес таква потврда стигна од арбитражниот суд.

Резултатот е договор со УЕФА. Клубот ги прекрши правилата во периодот од 2015 до 2018 година па нивното место во Европа ќе го превземе Рома, додека Торино ќе оди во квалификациите истото натпреварување.

Се потенцира и дека финансиските проблеми се причина што трансферот на Ернандез е договорен на тој начин Милан следната година да му ги исплати тие 20 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=odfYxcki_xY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила за 45 милиони договори одлично засилување

Јан Матсен е нов фудбалер на Астон Вила. Левоногиот фудбалер ги договорил сите услови со к…