Двократниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари во светот ова лето ќе стане слободен играч.
Како што пишува „ЕСПН“, а пренесуваат сите американски медиуми, Дурант ја одбил клазулата во договорот со што ќе се откаже од 31.5 милион евра и ќе стане слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Дурант сезоната ја заврши нешто порано. Во полуфиналето на Западот се повреди и се врати во петтиот натпревар од финалето, а потоа заработи уште потешка повреда.
Golden State Warriors star Kevin Durant has declined his $31.5M player option and will become an unrestricted free agent, league sources tell ESPN. Durant and his business manager Rich Kleiman are in New York, evaluating free agency options. So far, process has stayed private.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) June 26, 2019
„ЕСПН“ дознава дека Дурант и неговиот менаџер, Рич Клеман во овој момент се во Њујорк каде што ги разгледуваат опциите кои ги има на располагање. Деталите засега не се познати, а досега се споменуваа повеќе дестинации.
Како клубови со најголеми шанси да го доведат наводно се Њујорк Никси, Бруклин и Нетс и ЛА Клиперси.
Очекувањата се клубот кој ќе го доведе да му даде максимален договор тежок 164 милиони долари.