Иако медиумите во Италија известуваа дека трансферот на Един Џеко во Интер е пред реализација, сепак тоа поприлично се одолговлекува.
Џеко веќе има комплетен договор со „нероаѕурите“, кои пак некако не успеваат да најдат заеднички јазик со Рома околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека трансферот на Џеко е доведен во прашање, бидејќи Интер во меѓувреме се сврте кон други приоритети.
Угледниот милански весник пишува дека двете страни се далеку од договор, бидејќи Интер нуди 10 милиони, а директорите на Рома очекуваат двојно повеќе.
Весникот додава дека ќе биде тешко да се постигне договор во догледни време, бидејќи Интер сака да се посвети на својата примарна цел, а тоа е Ромалу Лукаку.
Антонио Конте веќе порано изрази желба дека би сакал во тимот да го има Џеко и тоа пред почетокот на припремите кои се закажани за 7-ми јули.