Дома Трансфер зона Сари пристигна, Кедира и Манџукиќ ги спакуваа куферите

Сари пристигна, Кедира и Манџукиќ ги спакуваа куферите

Пристигнувањето на новиот тренер Маурицио Сари во Јувентус се чини дека става крај на престојот во клубот на неколку фудбалери.

Први кои ќе ги спакуваат куферите се играчот за врска Сами Кедира и напаѓачот Марио Манџукиќ.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Сари им порачал на споменатите фудбалери дека не влегуваат во неговите планови и слободно можат да си бараат нови клубови.

33-годишниот хрватски репрезентативец беше „миленик“ на Алегри и еден од најважните играчи во неговиот тим, па неодамна го продолжи договорот.

Што се однесува до Кедира, тој имаше проблем со повредите и минатата сезона одигра само 17 натпревари. Наводно Германецот е спремен спогодбено да го раскине договорот со Јувентус и да се пресели во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал договори големо засилување

Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на одличниот напаѓач Бенџамин Шешко од Лајп…