Дома Фудбал Видео: Санчез блеска, Чиле во четвртфинале

Видео: Санчез блеска, Чиле во четвртфинале

Репрезентацијата на Чиле го совлада Еквадор со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка.

Чилеанците одлично го отворија мечот и дојдоа до водство уште во 8-та минута со голот на Хозе Фуензалида. До крајот на полувремето, Еквадор успеа да израмни преку Енер Валенсија, кој беше прецизен од белата точка.

Херој за Чилеанците беше Алексис Санчез кој го постигна победоносниот гол во 51-та минута, негов втор на шампионатот.

Санчез имаше сезона за заборав во Манчестер Јунајтед, но на Копа Америка игра одлично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…