Фудбалскиот сојуз на Шпанија денес потврди дека Луис Енрике повеќе не е селектор на „Црвената Фурија“.
Енрике на селекторската позиција на Шпанија пристигна пред нешто помалку од една година, но на изненадување одлучи да се повлече. Енрике подолго време не беше со селекцијата од засега неоткриени семејни причини. Него ќе го наследи помошникот Роберто Морено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јавноста не знае зошто Енрике го нема уште во март. Денес се огласи преку писмо (тука), но не откри ништо конкретно во што е проблемот.
Низ дел од медиумите може да се прочита дека Енрике има здравствени проблеми, а други пак пишуваат дека здравствени проблеми има некој од неговото семејство, но засега ниту едно, ниту другото не е потврдено и се во рамките на шпекулации.
Откако беше објавено дека повеќе не е селектор на Шпанија прв одиграчите кои се огласија беше капитенот Серхио Рамос.
„Секоја наша победа ќе биде за тебе. Ја имаш сета можна поддршка од мене и целата екипа“, се огласи Рамос на друштвените мрежи.
Cada victoria de la Selección también será tuya, míster. Todo nuestro apoyo y nuestro ánimo.
Every win will be yours too. You have all our support.— Sergio Ramos (@SergioRamos) June 19, 2019