Репрезентацијата на Бразил изминатата ноќ во второто коло од Копа Америка ремизираше против Венецуела 0:0.
Бразилците беа убедливи против Боливија во првото коло (3:0), а во натпреварот против Венецуела исто така доминираа на теренот, но на крајот не успеаа да постигнат гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 17-тата минута Бразил имаше одлична прилика, меѓутоа Ричарлисон шутираше силно по средината од голот, а голманот на Венецуела ја изби топката во корнер.
Тоа беше најдобрата прилика за Бразил во првото полувреме и веќе кон почетокот на второто во 47-та Бразилците бараа пенал, но после асистенцијата од ВАР судијата одлучи да не досуди најсторга казна.
Во 60-тата минута Бразил стигна до водство кога Габриел Хесус постигна гол. Сепак, ВАР и тука реагираше и голот беше поништен. Бразилците напаѓаа, а во 87-та минута постигнаа и втор гол, а ВАР и овој пат беше тука да им скрати радоста, па на крајот остана 0:0.
GOAL!!
Brazil 0- 0 Venezuela
Gabriel Jesus Goal was also disallowed by VAR. ?#CopaAmerica #BRAxVEN
pic.twitter.com/YXFUjoBKMk— SportCentre (@SportCentre8) June 19, 2019
Во вториот натпревар од оваа група Перу ја совлада Боливија со 3:1. На табелата се Бразил и Перу имаат по четири бода, Венецуела има два, додека Боливија е без бодови.